Нашата основачка и главен консултант Ивана Дојчиновска Стојановиќ, беше дел од алумни средбата на 4 генерации од Академијата за јавни политики.
Како еден од говорниците на темата „Пулсирања: Позади фасадата на политичката кампања“, Ивана говореше за квалитетот на кариерните патеки во политиката, со акцент на кариерен развој преку градење специјализација и експертиза во одредена област, со практични искуства.
Ивана ја истакна важноста, одговорноста и овластувањата на луѓето во политиката, нивното големо влијание на градење подобри системи, политики и услови за живот, особено за младите.
На средбата присуствуваа претставници од подмладоците на различни политички партии.
Голема благодарност до Форум за разумни политики на поканата.



Прочитајте ги последните новости

