Нашата приказна

Дознајте како се создаде PRUDENS, што нè движи и вредностите што ја обликуваат нашата работа секој ден.

Ivana_about

Порака од Ивана

Отсекогаш ме фасцинирала димензијата на организациите во која тие реагираат како жив организам. Битието на организацијата е составено од различни витални делови – секој автентичен и посебен, но безвреден без другите. Стратегијата, процесите, ресурсите и луѓето дишат во ист ритам. И заедно се грчат кога некој од нив не функционира.

Оваа димензија не се гледа на прв поглед. Потребни се искуство, чувствителност и многу набљудување за да се препознае оваа длабочина – но кога еднаш ќе ја видиш, никогаш не гледаш на организацијата исто.

По долги години како HR директор, организациски консултант и кариерен советник, научив да ја гледам организацијата и од перспектива на системот, но истовремено и од перспектива на секоја индивидуа.

Верувам дека организацијата и секој поединечен вработен влегуваат во уникатна врска што е многу повеќе од деловен однос. Тоа е двонасочен, жив процес – со пулс што постојано се менува, се мери, се приспособува.

Организацијата поставува рамки, но во тие рамки живее личната приказна на секој човек. А секој човек, со своето присуство, вредности и посветеност, му дава душа и боја на големиот организам.

PRUDENS го основав од тоа верување – дека секоја организација е жив организам со свој уникатен ритам, секој човек во неа посебен, а секој однос вреден внимание. Не постои универзално добро HR решение. Потребна е зрелост да се избере и примени токму она што ќе ѝ помогне токму на таа организација, во тој момент, со тие луѓе.

На таа основа, PRUDENS денес работи како партнер на организации што сакаат да работат поинаку – со повеќе зрелост, повеќе структура и со поквалитетни работни места. Работиме таму каде што HR не е само администратор, туку двигател на усогласување: помеѓу стратегија и култура, структури и луѓе, визионерски цели и секојдневни активности.

Не нудиме готови модели. Ние знаеме дека нема еден лек за секоја состојба во секој организам. Работиме длабински, системски и контекстуално – со анализи, со алатки, со дијалог и со учење. Помагаме организациите да го изберат и применат токму она што им треба – ништо повеќе, ништо помалку.

Ивана

Тимот на PRUDENS

Иако PRUDENS ја носи визијата и карактеристичниот пристап на Ивана, зад секој наш проект стои тим од внимателно одбрани консултанти, кои ги вклучуваме во зависност од контекстот, индустријата и специфичните цели на клиентот.

Нашиот модел е флексибилен – го составуваме тимот според вашата потреба, не според нашиот внатрешен хиерархиски распоред.

Соработуваме со експерти за организациски дизајн, коучинг, аналитика, лидерски развој, комуникација и култура – сите со длабока експертиза и практично искуство. Она што нѐ поврзува е посветеноста кон суштински, не-шаблонски пристап и висок квалитет на работа.

Поврзани со водечки HR заедници

Структура и флексибилност во идеална рамнотежа

Работата со организации значи работа со парадокси.

Постојано се среќаваат спротивставени сили: потребата за стабилност и притисокот за промени, желбата за структура и стремежот кон флексибилност, амбицијата за резултати и човечкиот пристап кон секој вработен.

Зрелоста на една организација не се мери по тоа дали ги надминала овие спротивставени потреби – туку по тоа како ги балансира истовремено.

PRUDENS е тука токму за тоа: да внесе јасност, рамнотежа и структура таму каде што сè изгледа спротивставено

Доверлив партнер на организациите кои размислуваат напредно

PRUDENS услуги

HR Консалтинг

Консалтинг услуги за развој на организации кои се адаптираат и растат.

Кариерно советување
и развој

Персонализирано кариерно советување за професионален раст и развој.

Обуки за лидерски
и HR вештини

Приспособени и практични обуки кои ја претвораат теоријата во план за акција.