Обуки базирани на реални искуства и практики

Специјално изработени тренинг програми кои теоријата ја преточуваат во практични совети кои можат веднаш да се имплементираат.

Практични и приспособени

Нашите обуки се водени од врвни експерти со длабоко, практично искуство.

Тие не споделуваат само знаење – тие носат искуства од вистински предизвици кои ги решаваат на дневно ниво со компании како вашата.

Секоја обука е креирана по мерка, целосно усогласена со вашите цели, зрелост на тимот и индустриски контекст. Ние пренесуваме прецизно, применливо знаење кое може веднаш да се користи во пракса.

Нашите обуки не се само активност – тие се алатка за трансформација и катализатори на промената.

Обуки за лидерство
и HR вештини:

HR for non-HR: Лидерски вештини за работа со луѓе

Перформанс системи и култура на отчетност и фидбек

Организациски дизајн, систематизација и редизајн на улоги

Ангажираност, организациско однесување и меѓучовечки релации

Развој на кариера, менаџирање наследници и таленти

Кариерен развој и вештини за кариерно советување

Мотивација, тимска динамика и организациско однесување

Управување со чувствителни теми: отпуштања, дисциплина, токсично однесување

Поставување системи за наградување, плати и бонуси

Не можете да ја најдете обуката која ви е потребна?

Споделете ја вашата визија и цели, а ние ќе дизајнираме обука прилагодена на потребите на вашата компанија.

Нашиот пристап

Базирани на
искуство



Споделуваме експертски знаења базирани на реални, искуства, ситуации и практични решенија.

Приспособени на вашата организација


Секоја сесија е приспособена на вашата бизнис реалност, вашите уникатни предизвици и можности за раст.

Интерно
спроведување

Тренинзите се организираат во склоп на вашата организација, овозможувајќи комплетно усогласување со вашиот интерен контекст, работен тек и култура.

Доверлив партнер на организациите кои размислуваат напредно

HR предизвиците не се решаваат со генерички работилници

Затоа не држиме исти, предефинирани тренинзи. Дизајнираме практични тренинзи, специфично приспособени за секоја компанија, кои се осврнуваат на вашите цели, контекст и тимска динамика.