Новости

Кога лидерството се гради системски – успешно заврши првиот циклус на Flex Group Leadership Academy

Во многу организации, лидерскиот развој започнува со добро познато прашање: Кој треба да оди на следната обука?

Но, вистинското прашање е сосема друго.

Како да создадеме организација во која лидерството е заеднички начин на размислување, а не индивидуална вештина?

Како што вели John Nash:

„Ниту еден поединец не може да ја подобри ситуацијата ако само тој ја промени својата стратегија, додека останатите ги задржуваат своите стратегии непроменети.“

Оваа идеја совршено ја опишува една од најголемите заблуди во организацискиот развој. Можеме да инвестираме во развојот на поединци, но доколку останатиот дел од организацијата продолжи да функционира по старите модели, вистинската промена ретко се случува.

Токму затоа, FLEX GROUP ја креираше Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата, дизајнирана и реализирана во соработка со Prudens.

Она што ја прави оваа иницијатива различна е тоа што:

  • лидерскиот развој е директно поврзан со бизнис стратегијата;
  • програмата ги опфаќа сите нивоа на менаџмент;
  • 56 менаџери учат истовремено, создавајќи заеднички пристап кон лидерството;
  • содржините се засноваат на реални организациски предизвици и веднаш применливи практики;
  • фокусот не е само на индивидуалните компетенции, туку и на системите, процесите и културата што ги поддржуваат.

Кога сите лидери зборуваат ист “лидерски јазик”, организацијата станува поконзистентна, одлуките се носат побрзо, а вработените добиваат појасно лидерско искуство, без разлика во кој тим работат.

Од индивидуален развој кон лидерски систем

Во развојот на академијата работевме во тесна соработка со HR тимот на FLEX GROUP, предводен од
Лилјана Бојковска, Менаџер за човечки ресурси во FLEX GROUP Македонија, со силна поддршка од извршното раководство и јасна визија поставена од Јоана Спасовска, генерален директор на Флекс Кредит Македонија

Кога сите лидери зборуваат ист “лидерски јазик”, организацијата станува поконзистентна, одлуките се носат побрзо, а вработените добиваат појасно лидерско искуство, без разлика во кој тим работат.

Нашата улога

Во Prudens не гледаме на фасилитацијата како на пренесување знаење.

Нашата улога е да создадеме простор во кој лидерите ќе можат да ги преиспитаат сопствените практики, да учат едни од други и да ги претворат новите сознанија во конкретни активности што ќе имаат влијание врз нивните тимови.

Во реализацијата на академијата се вклучени нашата основачка Ивана Дојчиновска Стојановиќ како и нашите партнери од SynapseHR Consultants Collective – Томида Караиванова Алаѓозовска Ана Костовска и Искра Трајкоска

Комбинацијата на различни експертизи овозможува програмата да ги опфати лидерството, организацискиот развој, HR практиките и управувањето со промените од повеќе перспективи.

Горди сме што сме партнер во дизајнот и реализацијата на Flex Group Leadership Academy – иницијатива на FLEX GROUP која покажува како изгледа кога лидерството се развива системски, а не преку изолирани обуки. Веруваме дека токму ваквите партнерства создаваат одржливи промени, посилни лидери и организации подготвени за идните предизвици.

Прочитајте ги последните новости

Share This :