Ивана не е само врвен експерт со непроценливо знаење во областа на човечките ресурси, туку таа е човек кој отвора нови видици, препреките умешно ги преобразува во можности и секогаш јасно и многу прецизно ја препознава големата слика. Во навидум незначајните „мали споредни нешта“ открива нови можности, кои придонесуваат за значајно менување на перформансите кај вработените и поефикасно функционирање на процесите. Со голема прецизност дефинира организациска структура која е темел за поефективно работење и усогласување на процесите и процедурите.
Кога лидерството се гради системски – успешно заврши првиот циклус на Flex Group Leadership Academy
Во многу организации, лидерскиот развој започнува со добро познато прашање: Кој треба да оди на следната обука?...












