Новости

Ивана беше дел од алумни средба на 4 генерации од Академијата за јавни политики.

Алумни средба на 4 генерации од Академијата за јавни политики

Нашата основачка и главен консултант Ивана Дојчиновска Стојановиќ, беше дел од алумни средбата на 4 генерации од Академијата за јавни политики.

Како еден од говорниците на темата „Пулсирања: Позади фасадата на политичката кампања“, Ивана говореше за квалитетот на кариерните патеки во политиката, со акцент на кариерен развој преку градење специјализација и експертиза во одредена област, со практични искуства.

Ивана ја истакна важноста, одговорноста и овластувањата на луѓето во политиката, нивното големо влијание на градење подобри системи, политики и услови за живот, особено за младите.

На средбата присуствуваа претставници од подмладоците на различни политички партии.

Голема благодарност до Форум за разумни политики на поканата.

Прочитајте ги последните новости

Share This :